https://www.facebook.com/photo.php?fbid=422241723373244&set=pb.100067622582959.-2207520000.&type=3

10.01.2024 Скопје

Според најновата листа на должници, објавена од страна на Управата за јавни приходи, вкупната сума која се должи кон Управата се околу 164 милиони евра нето долг.

Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 во однос на претходно објавената листа, а кај физичките лица за 74.

Вкупниот нето долг изнесува 10.108.704.233 денари, што е повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873 денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

Листата се однесува на долгови доспеани до 30 септември, а неплатени до 31 декември 2023. година.

Подготвено од М.Д.

 

About Author