Oddział-Noworodka-Patologii-i-Intensywnej-Terapii-Noworodka

02.01.2024 Скопје

Нов скандал го тресе македонското здравство. Вистинска драма се одвивала изминативе три дена на „Клиниката за гинекологија и акушерство“. Новороденче со скршеница на раката од неразјаснети околности било криено од родилката и семејството.

Родилката Анета Дамјановска, која била породена на 31 декември, не можела да си го види бебето се до вечерта на 1 јануари оти докторите не и дозволувале. Ова го раскажа нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски.

„Бебето го немаше видено, само на кратко на пет минути. Сопругата го има фотографирано со скршена рака. Дојдовме да прашаме зошто не даваат да го видиме бебето и дури сега, после 24 часа ни даваат информација дека бебето е со скршена рака“, вели Дамјановски.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Викторија Јованоска, во изјава вели дека неоткривањето на таков вид на информации е стандардна процедура и од тие причини на мајката не и било дозволено да си го види бебето.

Таа најави формирање посебна комисија на гинеколошкото одделение која темелно ќе го разгледа случајот и ќе ги испита причините како дошло до скршеницата на раката кај бебето.

Подготвено од М.Д.

About Author