Ministerstvo za kultura

16.01.2024 Скопје

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, кажа дека по јавната дебата за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик значително е зголемен бројот на лица кои полагаат лекторски испит што значи конечно таа празнина од тоа електронско полагање ќе се пополни со стручни кандидати и веќе имаме кандидати што можат да се понудат за трајно вработување во институциите.

Таа потенцираше дека имаме доволен број на лектори и рече дека со новиот начин на полагање, на хартија, а не електронски како што се полагаше претходно, ќе го подигни квалитетот и интересот на студентите од катедрите за изучување на македонски јазик.

Таа притоа апелираше до сите пратеници овојпат, не само до одредена група, што поскоро Законот да биде донесен и да се изгласа едногласно бидејќи овој Закон не е само закон за употреба на македонскиот јазик туку закон кој понатаму може да користи како еден пример за тоа како треба да се применуваат и да се почитуваат сите други јазици.

„Често во минатото имало членови на Советот за македонски јазик во одредени институции коишто не биле предлог на самата институција и тука се доаѓало во судир и затворен круг кој изобилуваше со неефикасност на Советот. Лично јас, како и одреден дел од членовите сметавме дека претседателот треба да го избере, да има можност да избере дел од својот тим со кој заеднички понатаму ќе делува, затоа што ако само се наметнат членови или се од институции кои не се релевантни да бидат дел од тој Совет, може да дојде до неефикасност и неажурност на Советот”, укажа министерката Костадиновска-Стојчевска.

Подготвено од М.Д.

 

About Author