30.01.2024 Скопје
Новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој вчера стапи на функцијата, денеска остварил средба со амбасдорката на Грција, Софија Филипиду, на која и предложил мерки поврзани со пасошите со новото уставно име на Македонија.
Во кусото соопштение на МВР за средбата, не е наведено за какви мерки тој разговарал со амбасадорката. Во соопштението е наведено:
„На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.
Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање“.
Подготвено од М.Д.