kiev sneg

04.01.2023 Скопје

Делови од северозападна Европа се борат со последиците од невремето од Атлантикот кое донесе дожд и снег, додека северот на Скандинавија е екстремно студен.

Фериботот со околу 900 патници на релација Норвешка-Данска поради невремето не можеше да се закотви во Копенхаген и чека да се подобри времето, иако тоа не се очекува пред денес.

Во Норвешка, во јужниот град Кристијансанд, училиштата беа затворени, а јавниот превоз во прекин по обилните снежни врнежи.

Истата бура донесе урагански ветрови во делови од Англија и Велс, предизвикувајќи прекин на електричната енергија, прекин на железницата и затворање на патиштата поради поплави.

Една 59-годишна жена загина во Источна Фландрија, Белгија, откако ја удри ограда што ја сруши ветрот, изјави локалната гувернерка Карина Ван Каутер.

Во шведското село Квиќок на Арктикот е забележана температура од минус 43,6 степени Целзиусови, а ова е најстудениот јануари во Шведска во последните 25 години.

Во Лапонија на северот на Финска, една жена исчезнала во невреме додека била на скијање, а подоцна била пронајдена мртва под лавина. Финската полиција соопшти дека потрагата по нејзиното дете продолжува и денеска.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author