23.01.2024 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „доживеале еден од најтешките денови од почетокот на нападот“ во врска со смртта на 21 израелски војник во Појасот Газа и дека израелските сили започнале истрага.

Нетанјаху се огласи на платформата за социјалните мрежи Х во врска со вчерашната смрт на 21 израелски војник во Појасот Газа. Изразувајќи го своето сочувство до семејствата на загинатите војници, Нетанјаху рече: „Вчера доживеавме еден од најтешките денови од почетокот на војната“.

Изјавувајќи дека израелската војска започнала истрага за ситуацијата, која тој ја опиша како „катастрофа“, Нетанјаху рече дека нападите врз Газа ќе продолжат се додека не се постигне „апсолутна победа“.

Се огласи и израелскиот претседател Исак Херцог кој изјави дека утрово му било „неподносливо тешко“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *