11.01.2024 Скопје
Болеста Африканска чума е заразна болест што се пренесува од дивите на домашните свињи и нема опасност од зараза кај населението.
Болеста е сериозна само за свињите, предизвикува економска штета за фармерите. Во државата таа е присутна од регионот од Делчево од јануари-февруари 2022, пренесена е од дивите свињи кои се главни преносители на болеста. Мерките кои се преземаат во државата сè во согласност со европската легислатива и пракса и се под контрола на европската Агенција за храна и ветеринараство. Болеста е многу пренослива и Европа има проблем за справување со болеста.
Станува збор за инфективно заболување. За ветеринарите многу е важно да се едуцираат фармерите, невреме да се преземат мерки и да се контролира болеста да не се шири и да не предизвика економска штета, ниту за одгледувачите, ниту за државата. Ветеринарите велат дека нема отстапувања ниту кај одгледувачите во однос на чувањето, ниту во Агенцијата, но дека е потребна едукација и соработка кај сите за контрола на болеста.
Симптомите се висока температура, дијареја, нагли се промените и искусните сточари можат да забележат и да ги алармираат матичните ветеринари. Покрај дивите свињи преносители се и луѓето со неодговорно однесување преку облека, обувки.
Во однос на закопувањето, потребни се јами подлабоки, дезинфекција е потребна. Може да се најде и некоја аномалија во однос на отстранувањето. Сточарите не треба да им одмагаат на Агенцијата, важно е за сите. Државата исплаќа штета за угинатите, важно е да се донесат соодветни мерки и да се почитуваат.
Ловџиите добиваат субвенции за заловена диви свињи да оди со писмо и мостри на Факултетот за ветеринарна медицина и да се увиди дали во некое подрачје циркулира болеста. Вакцина нема никаде во светот.
Подготвено од М.Д.