opstina-karpos

11.01.2024 Скопје

Одлука за привремено финансирање на Општина Карпош нема иако буџетот е изгласан на 9 јануари. Прекршен ли е Законот за финансирањето на ЕЛС и дали буџетот ќе важи ретрокативно?

На четвртото продолжение на 37. седница на Советот на Општина Карпош, одржана на 4 јануари 2024 година, беше донесена ‘одлука’ за реализација на буџетот на Општина Карпош за 2024 година, со што брутално беа погазени Законот за локалната самоуправа, Статутот на Општината и Деловникот за работа на Советот на Општина Карпош. Вчера, во доцните попладневни часови, во ‘Службениот гласник бр. 1/2024’ на Општината беа објавени ‘одлуките’ донесени на оваа седница, со што се отвора патот за нивно спроведување и легитимирање пред другите институции на државата. Предупредуваме дека овие ‘одлуки’ не се легитимни затоа што се донесени со прекршување на процедурите.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За обнова на Македонија’, нема да отстапиме пред насилничките методи и дејства на Јакимовски, урбаната мафија и нивните приврзоци, СДС и Левицата, и бараме доследно спроведување на позитивните законски прописи.

Подготвено од М.Д.

About Author