19.01.2024 Скопје

На панел-дискусијата што се одржа во Високата медицинска школа во Битола, меѓу другото донесени се заклучоци поради кои до 2030 година ќе имаме недостиг на здравствени работници и тоа повеќе од двојно одколки што има сега вработено и се тоа поради  одливот на овие кадри преку пензионирање, заминување во странство, па и откажување поради неповолните услови за работа.

Како еден од можните решенија за да не дојде до хроничен недостиг на медицински персонал е донесувањето на Законот за сестринска дејност кој ќе ја регулира оваа професија во однос на образованието, карерниот развој, работните задачи и одговорностите.

„Ако зборуваме според стандардите колку медицински сестри се потребни во нашиот здравствен систем, имаме 50 проценти недостаток. Имаме неформална бројка од 7.500 до 8.000 медицински сестри во Македонија заедно со сродните струки фармацевти, рентген технолози, лаборанти можеби сме 11.500. Тој недостаток во различни институции од здравствениот систем на различни начини се проектира. Но, посебно се чувствува во секундарното и терциерното здравство, во стационарите каде се лежечките пациенти. Сестрите треба на одделенијата на постелните мрежи да бидат една на три пациенти, во интензивните неги на секој еден пациент една сестра, така недостатоците се многу големи“, рече Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата на медицински сестри.

Најголемиот проблем е  коефициентот на сестрите со средна стручна спрема што ги доближува до минимален личен доход во државата. Друг проблем е нерегулирањето на професијата, непризнавањето на нивното високо образование во дел од здрвствените установи. Бешлиовска рече дека сестрите мора да бидат проектирани во систематизациите, колективните договори да бидат спроведени во болниците, да се знае каде започнуваат и завршуваат со работа оние со средна стручна спрема, а каде со високо образование и специјализација. Во европските земји во интензивните неги, сестра без специјализација не е квалификувана да работи, а ние во овој момент не ги препознаваме во болниците.

Д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита, е оптимист дека Законот за сестринска дејност ќе биде донесен што поскоро. Рече дека тоа ќе биде пред изборите, но не е поврзан со нив и со никаква политичка агенда, туку со професионализација на сестринската професија.

„Ќе се донесе Национална стратегија за човечки ресурси во здравството на што активно работиме. Проблем што треба да го спречи е големиот одлив на кадри. 10.000 здравствени работници очекуваме да неодстигаат до крајот на 2030 година. Е тогаш не би сакале Македонија да биде дел од земјите засегнати со хроничен недостиг на здравствен персонал“, рече д-р Мехмедовиќ.

Подготвено од М.Д.

 

 

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *