22.01.2024 Скопје
Нема ниту термини, ниту образци за вадење на нови лични документи со новото уставно име. На помалку од еден месец од истекот на рокот за менување на сите документи, граѓаните спасот го гледаат кај народниот правобранител. Зибери во интервју за Радио слободна Европа, вели дека не само за пасошите, МВР нема образци ниту за другите документи. Затоа ќе бара одговори за состојбата, особено што главните реакции на граѓаните се однесуваат на ова…
Зибери гледа одговорност кај владата што од периодот на донесување на уставните измени две години не реагирала навремено за менување на сите позаконски акти.. Во тој периодот издавани се лични документи со името Република Македонија. Иако веќе две години барал и државата да ги сноси сите трошоци за менување на документите, од МВР добил објаснување дека не се предвидени средства за надоместок на граѓаните.
Опозицијата поднесе преставка и до Уставниот суд, со кои бараат да се донесе решение за ставање на времена мерка на овие законски измени, односно тие да не бидат во сила сè до одлучувањето за нивната уставност за времено запирање…
Министерот Османи пак ги урна сите надежи дека може било што да се смени. Вели обврските биле јасни, Република Северна Македонија мора да ги смени сите лични документи до 13-ти февруари.
На пунктовите се уште има гужви за сликање и по неколку часа, а граѓаните се жалат дека и тие што успеале да стигнат на ред, не ги добиваат документите за осум работни дена, како што е предвидено.
Подготвено од М.Д.