https://www.facebook.com/NATO.AIRCOM/photos/pcb.5832612980130814/5832610893464356/

19.01.2024 Скопје

Околу 90.000 војници ќе учествуваат во вежбата на НАТО „Steadfast Defender 2024“, најголемата во последните неколку децении, која ќе започне следната недела и ќе трае до мај, соопшти врховниот командант на НАТО за Европа, Крис Каволи.

„Алијансата ќе ја покаже својата способност да ги зајакне евроатлантските области со трансатлантското движење на силите од Северна Америка“, изјави американскиот генерал за новинарите во Брисел по дводневниот состанок на шефовите на одбраната.

Воените трупи кои ќе учествуваат на вежбата, според Каволи, ќе бидат од сојузниците на НАТО и Шведска.

Претходно, британското Министерство за одбрана објави дека 20.000 припадници на британската армија ширум Европа ќе учествуваат на голема вежба на НАТО што ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *