10.01.2024 Скопје
Американската НАСА објави дека се одложуваат за околу една година две мисии за испраќање на астронаутите на Месечината.
Мисијата „Артемис Две“, која беше планирана за крајот на 2024 година и ќе вклучува управуван лет околу Месечината, сега е закажана за септември 2025 година.
Мисијата „Артемис 3“, планирана како прво слетување на астронаути на Месечината во рамките на оваа програма, сега е планирана за септември 2026 година, наместо за крајот на 2025 година.
Подготвено од А.Ѓ.