30.01.2024 Скопје
Најголемата светска продавница за накит по обем на продадени производи, Пандора, одлучи да престане да користи ископано сребро и злато и да користи само рециклирани благородни метали во производството на накит, за кои е потребна помалку енергија за производство, се со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.
Според годишниот извештај на данската компанија, таа купува околу 340 тони сребро и еден тон злато секоја година, а за време на производствените процеси испуштила 264.224 тони јаглерод диоксид (CO2) во 2022 година.
Со користење на рециклирани наместо ново ископани метали, Пандора, позната по нараквиците од 65 до 95 долари, ќе ги намали индиректните емисии за околу 58.000 тони годишно, изјави нејзиниот потпретседател Мадс Твоми Медсен.
Се вели дека синџирите за снабдување со рециклиран метал претставуваат ризик, бидејќи украденото злато може да се продаде како отпад за рециклирање, но и затоа што е тешко да се докаже потеклото на металот откако ќе се стопи.
За да ги ублажи ризиците, „Пандора“ одлучи да го користи стандардот развиен од светскиот „Совет одговорен за накит“, кој ги исклучува златните монети и златните плочки како извор на рециклирано злато.
Пандора, која продаде 103 милиони парчиња накит во 2022 година, прави накит во две фабрики во Тајланд, а трета ја гради во Виетнам.
И нејзините конкуренти, како Моника Винадер и Мисоме, исто така ја нагласуваат нивната 100% употреба на рециклирано сребро и злато.
Рафинериите на метали рециклираат сребро од индустриски катализатори, рентген зраци, електронска опрема и стари сребрени садови, а тие добиваат рециклирано злато од отпадот од производството на накит, како и од стариот накит.
Подготвено од А.Ѓ.