https://www.facebook.com/photo/?fbid=10228504786343404&set=pcb.10228504786743414

02.01.2024 Скопје

Филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите што ги доби Манчевски во текот на изминатата година.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од „Еуримаж“, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија.

„Кајмак“ е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и на Карибите – од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска.

„Му се радувам на ‘Кајмак’ оти се покажа дека е едно жилаво филмче – колку повеќе локалната филмска мафија се обидува да нѐ блокира со незаконски средства и него и мене, ние толку повеќе меѓународни награди собираме. На здравје и за многу години“, изјави Манчевски.

Подготвено од М.Д.

 

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *