23.01.2024 Скопје
Околу 570.000 луѓе се соочуваат со глад во Појасот Газа, а работата на хуманитарните организации е отежната поради проблеми со пристапот и комуникацијата, објави Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток /УНРВА/.
„Околу 570.000 луѓе во Газа се соочуваат со катастрофален глад. Интензивните борби, одбивањата за пристап и ограничувањата, како и дефектите на комуникацијата ја попречуваат способноста на УНРВА да достави помош безбедно и ефективно“, се вели во соопштението.
УНРВА додава дека како што се зголемува ризикот од глад, ОН повикуваат на суштинско зголемување на пристапот до хуманитарна помош.
Подготвено од А.Ѓ.