24.01.2024 Скопје
Првиот официјален концерт на џезерите беше богато музичко патување низ личните приказни на авторите, повеќето членови на оркестарот. Дел од композициите беа наградувани со аплауз уште пред да завршат. За последното, свое авторско дело „¼ ока“, Џијан Емин рече дека го напишал инспириран од децата, од нашите улици, нашето општество. За оката како стара мерка за тежина диригентот кажа дека на овој концерт ќе ја мери вистината.
На концертот насловен „Џез нова“ се отсвиреа дела на Гордан Спасовски, Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Иван Петровски, Алек Пејовски, Владимир Николов, Сашко Николовски, Илија Пејовски, како и од диригентот Џијан Емин и директорот на оркестарот Гоце Стефковски.
На духовиот начин и со приказни, Емин ги најавуваше сите композиции, а за делото на Стефковски рече дека напишал музика за местото каде што живее.
Гоце Стефковски меѓу другото се заблагодари на верната публика и за поддршката сите изминати години.
Подготвено од М.Д.