10.01.2024 Скопје
Украина ќе биде принудена да ги намали буџетските трошоци или да почне да печати пари, доколку остане без поддршка од западните земји.
Киев е во незавидна ситуација поради падот на поддршката од Западот. Расте загриженоста дека по претседателските избори во САД во 2024 година, Вашингтон би можел да го промени својот пристап кон помошта на Украина.
За да го пополни дефицитот, Киев или ќе мора да прибегне кон „болни кратења“ или да почне да печати пари. Двете опции би можеле да „создадат сериозен ризик за економијата“ на земјата.
Претходно, шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, рече дека Украина е во состојба да го издржи отсуството на надворешна финансиска помош „за неколку месеци“, но дека ќе се соочи со проблеми ако ЕУ и Соединетите држави не можат да го решат проблемот за финансирање на Киев во тоа време.
За време на самитот на ЕУ во декември, лидерите на заедницата не успеаја да го решат прашањето за распределување 50 милијарди евра во Украина, како дел од четиригодишната програма за помош за таа земја, а Конгресот сè уште не е подготвен да одобри пакет за помош од 61 милијарди американски долари на Киев.
Подготвено од А.Ѓ.