02.01.2024 Скопје
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека за време на новогодишната ноќ француската полиција има приведено 380 лица во Париз и во други градови, додека 40 полицајци се повредени.
Тој изјави дека биле опожарени речиси 750 возила, но дека состојбата е се уште подобра од лани.
„Меѓутоа, големите прослави поминаа мирно, особено во Париз. Во споредба со минатата година, имаме 10 отсто помалку изгорени возила“, напиша Дарманин на социјалните мрежи.
Во Франција на новогодишната ноќ беа распоредени 90.000 полицајци, 5.000 војници и десетици илјади пожарникари.
Подготвено од А.Ѓ.