17.01.2024 Скопје
Претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија се сретна со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и притоа разговарааа за идните приоритети за соработка меѓу Министерството и УНИЦЕФ.
„Тренчевска и Диџовани истакнаа дека гаранцијата за деца ќе биде приоритет во идниот период затоа што од таа програма се очекува особен успех и подобрување на квалитетот на живот на децата во државата. Воедно, беше разговарано и за вложување во зајакнување на капацитетите на кадрите во градинките во делот на правилна исхрана на децата во градинките“, информираат од МТСП.
Министерката на средбата посочила дека моментално се зајакнати кадрите кои ја планираат исхраната на децата во градинките и дека поддршката на УНИЦЕФ во овој дел навистина ќе придонесе во исполнување на заедничката цел.
Тема на разговор била и иницијативата „Walk and Talk“ која што била завршена како позитивна активност во која биле вклучени повеќе од 500 млади лица.
Тренчевска истакнала дека нејзините следни чекори ќе бидат во промоција на важноста за менталното здравје кај младите, нагласувајќи дека за неа е од особена важност да ги сврти младите кон поголема добросостојба која придонесува кон подобар квалитет на живот.
Подготвено од М.Д.