12.01.2024 Скопје
Поради опасноста од пропаѓање на испитниот процес на целата генерација, а и големиот недостаток во државата на судии и јавни обвинители, Министерството за правда преку Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители беше информирано за потребата од иницирање на законски измени, како би продолжил испитниот процес во согласност со законот.
„Министерството за правда никогаш не се мешало ниту пак ќе се меша во иднина во спроведување на квалификациониот испит во Академијата за судии и јавни обвинители, туку се јавува во улога на предлагач на законот кој е во согласност со меѓународните стандарди“, наведуваат во соопштение од Министерството за правда.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители содржи четири члена. Со членот 1 се врши надополнување на членот 40 со два нови става со кои се овозможува надминување на непредвидениот застој во постапката за полагање на приемниот испит во Академијата поради настан кој не можел да се предвиди.
„Поради опасноста од пропаѓање на испитниот процес на целата генерација, а и големиот недостаток во државата на судии и јавни обвинители, Министерството за правда преку Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители беше информирано за потребата од иницирање на законски измени, како би продолжил испитниот процес во согласност со законот“, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Подготвено од М.Д.