15.01.2024.Скопје
Како дел од деветтиот пакет антикризни мерки на Владата, Министерството за образование и наука објави нов повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари.
Може да се пријават сите ученици кои ги исполнуваат условите, а кои не се пријавиле на првиот повик што МОН го објави минатиот месец. Рокот за пријавување е продолжен поради зимскиот распуст и трае од 5 до 16 јануари годинава.
Исплатата на паричната поддршка по првиот јавен повик ќе се изврши во следните неколку дена. Учениците од основните училишта ќе добијат 1.200 денари месечно, а средношколците 1.800 денари“, соопшти Министерство за образование и наука.
Јавниот повик ќе се објавува секој нареден месец, заклучно со мај годинава.
Подготвено од М.Д.