https://www.flickr.com/photos/123895158@N05/19037490906/in/photolist-v1h7MQ-2uhq7B-cP4HBu-5oSZSd-J3BdBw-dcWJzc-79WWit-4R62Wc-5TRpNE-5FyTdK-4b9ZFs-5z5P4n-4Wma5t-4FpUne-6Lyw3L-eXbva2-25TBmfH-2LuMGi-26cG5RP-6o1Ync-ejRHNT-r5HuHY-a8HG98-8uRv5S-KpTVkG-ZaxjPn-e8zpNT-69YVis-9ZLSB9-82SPjp-33rns4-bZvKso-4P3KBY-22hL4H-6rrLNi-LHKVe-8pRsB9-5hdqSc-d4kVaL-D9Gv-8NMTeK-bxkBNJ-woLvZj-4URMoV-bVc8d-MQ3T6M-a3L93v-5kfPQm-Ykjj7y-extpef

25.01.2024 Скопје

Норвешката министерка Сандра Бор, задолжена за борба против плагијатот, поднесе оставка.

Таа поднесе оставка по извештаите минатата недела дека пред една деценија направила плагијат на делови од магистерскиот труд.

Бор, норвешката министерка за истражување и високо образование, на прес-конференција призна дека делови од нејзиниот магистерски труд биле плагијат откако наводите се појавија на интернет.

„Кога го пишував мојот магистерски труд пред десет години, направив голема грешка. Зедов туѓ текст и не го наведов изворот. Жал ми е“, рекла таа.

Нејзиното признание дошло откако претходно сакала да ги казни студентите за плагијат.

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стере рече дека нејзините постапки „не се компатибилни со довербата што и беше дадена кога стана министерка“.

Бор ги предаде своите должности на Одмунд Леренскард Хоел, кој истакна дека нема плагијат во својата работа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author