dalnovod-bitola esm

27.01.2024 Скопје

ЕСМ на големо набавува струја за да ги покрие домашните потреби. Најголемиот производител РЕК Битола веќе извесен период работи со само еден блок. Па така државните електрани се принудени да ја обезбедат струја од други трговци со електрична енергија, и дека за периодот од 22 до 31 јануари се бараат  над 40 илјади мегават часови електрична енергија. Имињата на фирмите од кои се  обезбедува се веќе познати во јавноста.

Тука се Гени, Футуре, Соле 24, но и други. Цените за бараните  количини  се движат од 81 евро, па се до 93 евра за мегават час. По документите може да се види дека  ЕСМ за набавките за само неколку дена до крајот на месецов  би требало да плати неколку милиони евра.

Овие набавки се за овој период , но нема информации дали имало претходно и други, со оглед на тоа што на страната на ЕСМ извештаите за набавките на струја ги нема.

РЕК Битола пак се уште чека да добиел зелено светло од МЕПСО да може да го вклучи и првиот блок. Во моментов комбинатот работи само со вториот. Од преносниот систем МЕПСО пак преку соопштение се изјаснија дека прво треба да се решат проблемите со далноводот кој е во сопственост на ЕСМ,  но од државните електрани потоа негираа дека кај нив има проблем. Прашањето во чија сопственост е проблематичниот далновод остана да виси, дали тој е на Мепсо или ЕСМ, но она што се знае е дека екипи од двете компании работеле за да се реши проблемот и да се вклучи блокот, а тоа не влијаело  во снабдувањето на домаќинствата.

Поготвено од М.Д.

About Author