microsoft

25.01.2024 Скопје

Пазарната вредност на „Мајкрософт“ за прв пат ја премина границата од три билиони долари, а компанијата и понатаму е втора највредна во светот, веднаш зад „Епл“, производителот на мобилниот телефон „ајфон“.

Акциите на „Мајкрософт“ и „Епл“ од почетокот на годината се борат за првото место на Волстрит, а производителот на „ајфон“ накратко ја загуби круната во јануари.

Акциите на „Мајкрософт“ достигнаа рекордна вредност од 404,72 долари, што е раст од 1,5 отсто.

Тоа му овозможи на технолошкиот гигант накратко да ја пробие пазарната капа од 3 трилиони долари.

Акциите на „Епл“ се тргуваа по цена од 195,47 долари, што е раст од 0,14 отсто, а тоа на компанијата и дава пазарна вредност од 3,02 милијарди долари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author