ЛУКАШЕНКО СИ ДАДЕ ДОЖИВОТЕН ИМУНИТЕТ

05.01.2024 Скопје

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша закон со кој си дава доживотен имунитет од кривично гонење.

Тој закон ги спречува опозициските лидери кои живеат во странство да се кандидираат на следните претседателски избори.

Законот теоретски може да важи за секој поранешен претседател и членови на неговото семејство.

Според текстот на новиот закон, Лукашенко, дури и кога ќе ја напушти власта, „не може да одговара за дејствијата извршени во врска со извршувањето на неговите претседателски овластувања“.

Законот значително ги заострува условите за претседателските кандидати и го оневозможува изборот на опозициските лидери кои побегнале во соседните земји во последните години, бидејќи според новиот закон, само државјаните на Белорусија кои постојано престојувале во земјата најмалку 20 години. а никогаш немале дозвола за престој имаат право да се кандидираат на избори во друга земја.

Законот, исто така, наложува на претседателот и на членовите на неговото семејство да им се обезбеди доживотна државна заштита, медицинска нега, животно и здравствено осигурување, а по оставката, претседателот ќе стане и доживотен член на Горниот дом на белорускиот парламент.

Лидерот на опозицијата Светлана Цихановска, која избега во соседната Литванија во 2020 година, рече дека новиот закон е одговорот на Лукашенко на неговиот „страв од неизбежна иднина“, сугерирајќи дека Лукашенко мора да се грижи за тоа што ќе му се случи кога ќе го напушти власта.

Очигледно е дека целта на новиот закон е дополнително зајакнување на моќта на Лукашенко и елиминирање на потенцијалните противници на следните претседателски избори, кои треба да се одржат во 2025 година.

По претседателските избори во 2020 година, за кои Лукашенко тврдеше дека победил и кои Западот ги осуди како украдени, во Белорусија избија масовни протести за време на кои властите приведоа над 35.000 луѓе.

Режимот на Лукашенко беше обвинет дека бил вклучен во нелегалното пренесување на децата од градовите во Украина под руска окупација во Белорусија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author