08.01.2024 Скопје
Производството во рафинеријата на најголемото нафтено поле во Либија на југот на земјата е прекинато, соопшти државната нафтена компанија, откако локалните демонстранти извршија притисок фабриката да се затвори поради недостаток на гориво.
Националната нафтена корпорација соопшти дека станува збор за „виша сила“ што го предизвикала прекинот на работата на нафтеното поле Ел Шахар.
„Виша сила“ е правен термин кој ослободува компанија од договорните обврски поради вонредна ситуација.
Либија произведува повеќе од 1,2 милиони барели дневно, а Ел Шахара е најголемото поле во земјата, способно да произведува 300.000 барели дневно. Од компанијата изјавија дека преговорите со демонстрантите се во тек со цел што поскоро да се обнови производството.
Локалните медиуми објавија дека жителите на пустинскиот град Убари, на околу 950 километри јужно од Триполи, затвориле нафтено поле во знак на протест поради недостигот на гориво.
Тие, исто така, побараа обнова на инфраструктурата и поправка на патиштата во југозападниот регион Фезан, откако претходно во јули минатата година го затворија нафтеното поле на два дена.
Подготвено од А.Ѓ.