15.01.2024 Скопје
По новата ерупција на вулкан во Исланд вчера наутро, лавата стигна до градот Гриндавик, кој претходно беше евакуиран.
Лава се излеа низ улиците на градот и покри дел од куќа која се запали. Куќата била празна и пред евакуацијата.
Ерупцијата се случи вчера наутро на југозападниот дел на Исланд, во близина на градот Гриндавик, на чиј полуостров Рејкјанес има пет вулкански ерупции од 2021 година.
Населението на Гриндавик од околу 4.000 луѓе претходно беше евакуирано поради значителна сеизмичка и магма активност, а цивилната одбрана го подигна нивото на опасност во областа на вонредна состојба.
Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања Blue Lagoon, каде што исто така беше евакуиран хотелот.
Последната ерупција на полуостровот Рејкјанес започна на 18 декември минатата година во вулканскиот систем Сварценги, по целосната евакуација на Гриндавик и затворањето на Сината лагуна.
За време на последната ерупција во декември, Гриндавик беше поштеден од штета, бидејќи лавата течеше во другата насока, заобиколувајќи го градот.
Подготвено од А.Ѓ.