slushno pomagalo

09.01.2024 Скопје

Возрасните лица кои се соочуваат со оштетен слух, а редовно користат слушни помагала може да го намалат ризикот од рана смрт.

Д-р Џенет Чои, асистент професор по клиничка отоларингологија, истакна дека она што го имаат откриено е дека постои 24 отсто помал ризик од смртноста кај луѓето кои користат слушни помагала.

Според истражувањето на Универзитетот во Јужна Калифорнија, САД, и покрај тоа што има и покрај тоа што има 40 милиони возрасни луѓе во САД кои страдаат од губење на слухот, само 1 од 10 луѓе на кои им требаат слушни помагала всушност ги користат.

Во Велика Британија само 3 од 10 луѓе на кои им требаат апаратчињата ги користат, иако 11 милиони се дијагностицирани со губење на слухот.

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија во САД се надеваат дека наодите од новата студија ќе ги поттикнат луѓето да користат слушни помагала.

„Лично, како некој што користи слушно помагало, овој резултат го сметам за возбудлив. Тоа сугерира дека може да има потенцијална заштитна улога на употребата на слушно помагало против смртност кај оние кои би можеле да имаат корист од слушните помагала“, вели д-р Џенет Чои.

Според истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија, САД, пониските нивоа на депресија и деменција стојат зад подолгиот животен век.

„Подобрениот слух, оди рака под рака со подобрувања во менталното здравје и сознанието. Овие подобрувања го подобруваат целокупното здравје, а со тоа и долговечноста“, веруваат истражувачите.

Оваа студија е најголемата што ја истражувала оваа тема досега, испитувајќи вкупно 10.000 учесници.

Во групата од 10.000, научниците идентификувале 1.863 луѓе кои имале оштетен слух. Од нив, само 237 луѓе редовно носеле слушни помагала, што значи барем еднаш неделно по пет часа. Мнозинството, 1.483 луѓе, воопшто не користеле слушни помагала.

Истражувачите ја опишаа преостанатата група како „нередовни корисници“, што значи дека ги носеле слушните помагала помалку од еднаш месечно.

Истражувачите не само што откриле дека ризикот од смртност е речиси 25 отсто поголем кај оние кои никогаш не ги користат, во споредба со редовните корисници. Исто така, открија и дека ова е стабилна стапка: променливите вредности како што се степенот на губење на слухот, возраста, етничката припадност, приходот и друго, не ги менуваат придобивките од слушните помагала.

Интересно е што студијата не нашла разлика помеѓу нередовните корисници и оние кои никогаш не се корисници. Кога станува збор за слушни помагала, ова сугерира дека треба да ги користите постојано, повремената употреба најверојатно нема да ви го зголеми животниот век.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author