avion boing

10.01.2024 Скопје

Пред точно една година беше испорачан последниот Боинг 747, а со тоа и првиот џамбо џет влезе во историјата по пет децении „парадирање“ на небото.

Една година подоцна, неговиот „помлад колега“ Боинг 737 Макс 9 би можел да оди во привремено пензионирање откако американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ објави дека се пронајдени лабави завртки на неколку од авионите, продолжувајќи ја серијата забелешки кои доаѓаат од различни страни на трошокот на овој патнички авион.

„Се слушна навистина силен удар во левиот заден дел на авионот и бучава. Сите воздушни маски паднаа“, изјави Еван Смит, еден од 171 патник на Боинг 737-9 Макс на Алјаска ерлајнс на летот 1282 од Орегон за Калифорнија, кој мораше принудно да слета во петокот поради откинување на дел од кабината од трупот на авионот.

Медиумите објавија дека на млад човек кој седел во близина на погодената област му се скинала кошулата поради декомпресија, а Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД соопшти дека ниту еден патник не седел во близина на прозорецот на авионот кога дел од кабината паднал.

Недолго потоа, американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) нареди привремено приземјување на некои авиони Боинг 737 Макс 9, но и дека е неопходно да се прегледаат 171 авион на оваа компанија.

Во моментов, светските превозници користат околу 215 авиони Боинг 737 Макс 9, според податоците на фирмата за авијациска анализа Цириум, а околу 170 од нив имаат врати како онаа што падна среде лет на Алјаска ерлајнс во петокот.

Одлуката на американскиот регулатор вознемири многу авиокомпании, но и регулатори да проверат дали се е во ред со авионите на Боинг во нивната флота.

Така, Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА) ја прифати одлуката за приземјување, нагласувајќи во исто време дека превозниците од земјите-членки на ЕУ не ги користат.

Иако ниту една од индиските авиокомпании нема авиони Боинг 737-9 Макс во својата флота, властите наредија вонредна проверка на сите авиони Боинг 737-8 Макс во сопственост на индиските авиокомпании.

Кинескиот регулатор побара детали за инцидентот, а голем број компании ширум светот изјавија дека ќе го исполнат барањето на американскиот регулатор, што резултираше со откажување на стотици летови.

Во меѓувреме, американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ објави дека на неколку авиони Боинг 737 Макс 9 се пронајдени лабави завртки, истиот модел на авион што го користи „Алјаска ерлајнс“.

„Додека ги започнувавме прелиминарните инспекции во саботата, откривме случаи кои се чини дека се поврзани со проблеми со инсталациите и држачот на вратата, на пример, завртки за кои е потребно дополнително затегнување. Овие наоди ќе бидат коригирани од нашиот технички тим, така што авионот безбедно ќе биде вратен на услуга“, изјавија од Јунајтед.

Иако Федералната управа за авијација и Боинг не ги коментираа наводите на Јунајтед ерлајнс дека нешто „повторно“ не е во ред со Боинг, неименуваната авиокомпанија предупреди дека пред две недели открила завртки без навртки или со лабаво затегнати навртки на два такви авиони, многу важни уреди, кои служат за стабилизирање и контрола на авионот за време на летот.

Во оваа прилика, претставниците на Боинг објавија дека се извршени поправки на двата авиони и побараа од сите светски авиокомпании да го проверат контролниот механизам, како и завртките и навртките во тие уреди на моделот 737 Max.

Серијата безбедносни проблеми во претходните години му донесоа на Боинг 737 Макс описот на „најчесто проверуван транспортен авион во историјата“.

Авионот првпат доби негативен публицитет во 2018 година, кога патнички авион се урна во морето, веднаш по полетувањето од Џакарта, Индонезија. Во тој повод во патничкиот авион имало 188 лица.

Пет месеци подоцна, само шест минути по полетувањето од Адис Абеба, американски Боинг 737 се урна на 60 километри од главниот град на Етиопија, при што загинаа сите 157 патници.

По двете фатални авионски несреќи во кои загинаа 346 луѓе и предизвикаа загуби од милиони долари, во јануари 2020 година, Боинг објави дека ќе го прекине производството на својот тогаш „најпродаван 737 Max“.

Тие несреќи, откажани нарачки, забрани за продажба и потрагата по технички дефекти го чинеа Боинг дури 20 милијарди долари.

Сепак, леталото повторно беше пуштено во сообраќај во декември 2020 година, но нови проблеми беа откриени во април оваа година, бидејќи инсталацијата на некои уреди во задниот дел од пилотската кабина е направена на неправилен начин, се наведува во информацијата, со укажување дека, како што тврди Боинг, тоа не претставувало опасност за безбедноста на патниците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author