16.01.2024 Скопје
Има некои прашања кои предизвикуваат дебата во многу домаќинства. Така некои се убедени дека крпата мора да се измие по првата употреба. Меѓутоа, логиката би рекла дека излегувате чист од тушот, па не можете ни да го извалкате пешкирот додека се бришете со него.
Можеби има некои бактерии на кожата кои се лепат за крпата, но тоа е занемарливо. Ова значи дека вашиот пешкир всушност не се валка кога го користите, што значи дека е сосема во ред да го користите повторно. Единствено важно е да го закачите да се исуши веднаш по капењето. Во спротивно – ако со денови остане збрчкано и влажно, што може да предизвика непријатен мирис – треба да се замени.
Колку пати може да се користи истиот пешкир?
Како општо правило, не треба да го користите вашиот пешкир повеќе од три пати. После тоа би било добра идеја да го смените. Зошто? Секогаш кога крпата ќе се навлажни, бактериите на него добиваат шанса да се шират и да се размножат. По некое време, крпата станува прилично валкана.
Друга тема за дискусија е делењето крпи.
Дали е безбедно за сите членови на домаќинството да делат ист пешкир?
Иако многумина би се согласиле дека ова е нехигиенска практика, таа всушност е сосема безбедна. Имено, со оглед на тоа што домашните живеат заедно, големи се шансите веќе да ги имаат истите бактерии на кожата. Сепак, би било пожелно секој да има свој пешкир, особено ако некој има инфекција или кожна болест.
Подготвено од А.Ѓ.