17.01.2024 Скопје
Кинеските научници експериментираа со мутираниот вид на корона вирусот кој се покажа дека е 100 проценти смртоносен кај „хуманизираните“ глувци – и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.
Научниците во Пекинг – поврзани со кинеската војска – клонираа вирус сличен на Ковид и го користеа за да заразат глувци.
GX_P2V ги нападнал мозоците на глувците кои биле конструирани да рефлектираат сличен генетски систем на луѓето, а на тој начин вирусот би можел да реагира доколку ги инфицира луѓето, објави студијата од Пекинг минатата недела.
„Ова го нагласува ризикот од пренос на GX_P2V на луѓето и обезбедува уникатен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со САРС-КоВ-2“, напишаа авторите на студијата.
Смртоносниот вирус е мутирана верзија на GX/2017, сличен на коронавирусот откриен кај малезиските панголини во 2017 година, три години пред пандемијата.
Сите глувци кои биле заразени со вирусот умреле во рок од само осум дена, а истражувачите истакнуваат дека ова е изненадувачки брза смртност.
Вирусот GX_P2V ги инфицирал белите дробови, коските, очите, душникот и мозокот на глувците и на крајот ја предизвикал нивната смрт. Во деновите пред смртта, глувците брзо изгубиле тежина, се стуткале и слабо се движеле. Можеби најстрашно од се, еден ден пред да умрат, нивните очи целосно побелеле.
Ова е прва студија од ваков вид што објави 100% стапка на смртност кај глувци заразени со вирус поврзан со Ковид и далеку ги надминува резултатите од другите студии. Но, резултатите од оваа студија не покажуваат јасно како тоа би влијаело врз човечките суштества.
Експертот за епидемиологија на Институтот за генетика на Универзитетот во Лондон, Франсоа Балу, го критикуваше ова истражување и го нарече научно целосно бесмислено.
„Не гледам ништо да се научи од насилно инфицирање на необичен вид хуманизирани глувци со случаен вирус. Од друга страна, познато е дека таквите работи тргнуваат наопаку“, напиша професорот на социјалната мрежа Х.
„Нивото на биосигурност и мерките на претпазливост користени во истражувањето не се наведени. Отсуството на овие информации ја зголемува можноста дека дел или целото ова истражување, како она во Вухан во 2016-2019 година, кое веројатно ја предизвика пандемијата Ковид-19, непромислено спроведено без минимална биосигурност и практики суштински за истражување на потенцијалните причини за пандемијата“, истакнува Балу.
Ричард Ебрајт, професор по хемија и хемиска биологија на Универзитетот Ругер, ја повтори загриженоста на Балу со едноставно „Се согласувам“.
Пензионираниот професор по медицина од Стенфорд, д-р Генади Глински напиша дека „ова лудило мора да се прекине пред да биде предоцна“.
Се чини дека оваа студија од 2024 година нема никаква врска со Кинескиот институт за вирологија во Вухан.
Подготвено од А.Ѓ.