https://www.flickr.com/photos/mildchina/9605621088/in/photolist-fCPjuG-9SwFvM-4rX4YE-Fhx9i9-kmJyf-zrkT8-GVWL8-cq7BmN-97tf6p-kHDZD-25dF3q-2XKSnC-9ZygvN-NBUaro-2xArH9-quLwut-e3mQtb-sRwvy-7K89tF-25ad18K-XYNfyL-nLUQBY-7VqRBP-dA4Pzg-4nBn1R-7JSzkQ-7fh1f-2Y98W7-8C3Ntc-6rkLep-CqZk5Z-7VqRET-4QNFf3-oZwKpx-d4WHa-brU8s8-4sSVA-2ekNPVB-4mB8gu-ankqr4-dnKCP7-6S1sij-4zaYkD-YyYcrw-2krcHL-nhgsXe-ndZqFx-9iRj8-awJLpz-5MuinT

18.01.2024 Скопје

Кина е подготвена да игра конструктивна улога во посредувањето за постигнување мирно решение меѓу Пакистан и Иран, откако двете земји разменија прекугранични напади оваа недела, изјави кинескиот генерален конзул во Карачи Јанг Јундонг.

„Кина би сакала да ги информира Пакистан и Иран дека сакаме да одиграме конструктивна улога во решавањето на разликите меѓу двете земји“, изјави Јанг.

Кинескиот дипломат ги опиша Пакистан и Иран како главни земји во регионот и низ муслиманскиот свет и изрази надеж дека ќе се најде мирно и дипломатско решение за тензиите, се вели во извештајот.

Иран пред два дена изврши ракетни и беспилотни напади врз терористите од групата „Џаиш ал Адл“ во пакистанскиот регион Балучистан, на што денеска Пакистан одговори со прецизни удари врз „скривалиштата на терористите“ во иранскиот Систан и Белучистан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author