11.01.2024 Скопје
Кина планира оваа година да ги заврши тестовите и производството на домашно произведениот прототип „CR450“ на брзите возови од серијата Fuxing, кој може да достигне брзина до 450 километри на час.
Државната железница на Кина ги објави најновите информации за фазите на развој на возовите од новата генерација.
Процесот на развој и тестирање на прототипот на моделот „CR450“, чија максимална брзина ќе биде 450 километри на час, треба да заврши годинава.
Се планира возот официјално да биде пуштен во употреба во 2025 година.
Како што е наведено, планирано е да се воспостави нова инфраструктура за воз од новата генерација, со надградба на технологиите на автоматско управување, кормило и шини.
Брзите возови кои моментално се користат во Кина можат да достигнат максимална брзина од 350 километри на час.
Со влегувањето во сообраќај на моделот „CR450“ се очекува времетраењето на патувањето со брз воз на линијата Пекинг-Шангај, кое сега трае повеќе од четири часа, да се намали на 2,5 часа.
Подготвено од А.Ѓ.