https://www.facebook.com/photo.php?fbid=450613567068181&set=pb.100063586246127.-2207520000..&type=3

04.01.2024 Скопје

Во 2023 година беше воведена граѓанска и зелена обврзница како новина во финансиското работење на министерството за финансии, и во текот на оваа година се очекува да бидат исплатени и првите камати на оние кои ги купиле. Министерството најавува и нови обврзници како што се развојната и ороектната обврзница.

Граѓанската обврзница, според најавите на ресорното Министерство, ќе се објавува на крајот на секој квартал, а средствата од развојната и проектната обврзница ќе бидат наменети за развојни и големи инфраструктурни проекти.

Во текот на минатата година беа одржани две аукции на граѓанската обврзница и една аукција на зелената обврзница.

„Како што беше најавено граѓанските обврзници и во наредната година ќе бидат присутни на крајот на секој квартал како иновативни финансиски инструмент во кои граѓаните може да ги инвестираат своите слободни парични средства. Како и досега постапката за објавување на проспектот за новите емисии од овие обврзници транспарентно и навремено ќе бидат објавени во јавноста. Дополнително покрај граѓанската и зелената обврзница, на пазарот ќе бидат пласирани и останатите две обврзници развојната и проектната со кои се поддржуваат развојни и големи инфраструктурни проекти“, велат од Министерството за финансии.

Проспектот за првата граѓанска обврзница беше објавен на 30 јуни, а аукцијата се одржа на 13 јули. Учествуваа 1.283 граѓани со уплатени 1.448.030.000 денари што беше двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот кој беше во износ од 600 милиони денари. Минималниот износ за учество беше 10.000 денари, а максималниот износ не беше предвиден. Поднесувањето на барањата и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите на деловните банки.

Интересот за овој нов финансиски инструмент, според министерот за финансии, покажува дека на пазарот на капитал му се потребни нови, креативни и иновативни инструменти кои ќе ја збогатат понудата и ќе им овозможат на инвеститорите да го прошират своето финансиско портфолио.

Издадените зелени обврзници се со рок на доспевање од две години, со каматна стапка од 4,75 проценти годишно, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври годинава за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.

Воведувањето на обврзниците како нов иновативен финансиски инструмент на домашниот пазар е предвидено со Планот за економски раст и Стратегијата за управување со јавниот долг.

Подготвено од М.Д.

 

About Author