stari lugje star svet

10.01.2024 Скопје

Очекуваниот животен век значително варира од регион до регион, како и од земја до земја и зависи од повеќе фактори. Во 2023 година се движеше од 53 до 87 години.

Земјите чии жители живеат најкратко се претежно лоцирани на африканскиот континент.

Најдолго се живее во Монако, Хонг Конг, Макао и Јапонија.

Следуваат Лихтенштајн, Швајцарија, Сингапур, Италија, Ватикан и Јужна Кореја.

Најкратко живеат во Чад, Нигерија и Лесото. На листата од десет земји со најкраток просечен животен век во 2023 година се и Централноафриканската Република, Јужен Судан, Сомалија, Есватини, Намибија, Гвинеја и Мали.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author