26.01.2024 Скопје
Според проценките на јапонската влада, штетата предизвикана од земјотресот што ја погоди Јапонија на 1 јануари и во кој загинаа повеќе од 230 луѓе може да биде во вредност меѓу 6,9 и 16,2 милијарди евра.
Во извештајот кој бил презентиран во текот на вчерашниот ден на Советот на министри се наведува дека за да се направи таа проценка, земени се во предвид штетите на зградите и инфраструктурата во префектурата Ишикава, која беше најтешко погодена, како и две соседни префектури, Тојами и Ниигата, а разликата е толку голема бидејќи се уште не се проценети сите штети.
Официјалната проценка е повисока од првата проценка што ја направи приватниот сектор на почетокот на јануари.
Подготвено од А.Ѓ.