sudstvo

11.01.2024 Скопје

Врховниот суд на Косово ја одби како неоснована жалбата на бранителот на обвинетиот Г.К., поднесена против пресудата на Основниот суд во Ѓаковица и пресудата на Апелацискиот суд на Косово.

Основниот суд во Ѓаковица го прогласи обвинетиот Г.К. виновен за „тешко убиство“ и кривично дело „неовластено држење, контролирање или поседување оружје“ и го осуди на доживотен затвор, што го потврди и Апелациониот суд на Косово.

Во соопштението на Врховниот суд на Косово, се наведува дека на седницата одржана на 19 октомври минатата година, со мнозинство гласови, како неоснована била одбиена жалбата на бранителот Г.К.

Во пресудата беше прецизирано дека во изјавата дадена во полиција, пријавениот не го негирал извршувањето на делото, напротив, детално опишал како го убил Б.К. потоа како го запалил лешот и како го фрлил за да ги сокрие трагите од убиството.

И сведоците, членови на семејството на осудениот, потврдија дека осудениот Г.К е лицето кое му го одзело животот на Б.К., поради што првостепениот суд правилно утврдил дека осудениот со директна умисла го убил својот брат.

Врховниот суд на Косово потврди дека кривичното дело е сторено под „посебни отежнувачки околности“, и смета дека казната доживотен затвор е заснована на закон.

„Врховниот суд при донесувањето на одлуката ја имал предвид опасноста од стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на осуденото лице во функција на општа и индивидуална превенција“, додаваат во соопштението од тој суд.

Ова е прва доживотна казна изречена во еден од судовите на Косово.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author