16.01.2024 Скопје
Откако ќе се елиминира заканата за Израел од радикалите, со Појасот Газа ќе управуваат Палестинците, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
„Палестинците живеат во Газа и затоа Палестинците ќе управуваат со Газа во иднина. Идната влада во Газа мора да дојде од Појасот Газа и да се заснова на актери кои не се непријателски настроени кон државата Израел“, рече Галант.
Според него, крајот на воената кампања мора да се заснова на политика.
На 14 јануари Галант ја повика израелската влада да преземе акција за зајакнување на палестинската управа на Западниот Брег за да се спротивстави на Хамас, групата која владее со Појасот Газа од 2007 година.
Ситуацијата на Блискиот Исток нагло ескалира по упадот на милитантите на Хамас од Појасот Газа во Израел на 7 октомври.
Подготвено од А.Ѓ.