02.01.2024 Скопје
По многу пријатно време, Москва и европскиот дел на Русија се под напад на поларното заладување кое пристигнува од север и од поларните предели.
Температурата во Москва во текот на ноќта се спушти до -22°C. На северот на Русија се забележани температури под -30°C. Драстичниот пад на температурата на воздухот ќе продолжи и во наредните денови.
Најстудено ќе биде во средината на неделата, кога во Москва ќе има неверојатни -33°C, а во текот на денот -25°C. Со оглед на тоа што просечната минимална утринска температура за јануари е -8°C, а максималната дневна -4°C, јасно е дека температурите во наредните денови ќе бидат за 20-25 степени пониски од просечната.
Северно од Москва ќе биде уште постудено, утринските температури до -40°C, а во текот на денот температурите нема да надминат -30°C.
Овој поларен удар ќе биде еден од најсилните досега забележани во европскиот дел на Русија, додека во азискиот дел на Русија и во Сибир, температурите од -40 до -30°C се редовна појава во зима, а во регионот Јакут -50, -60°C.
Ледениот бран во наредните денови ќе биде многу опасен по животот на луѓето.
Она што е интересно е дека во наредните денови ќе има огромен температурен градиент над истокот на Европа, па на север и запад од Русија ќе биде до -35°C, во Украина и на југот на Русија температурата ќе да биде над 0°C.
И додека во Русија температурите паѓаат под -35°C, многу попријатно е во поларните региони северно од Исланд и Скандинавија, каде што, благодарение на Голфската струја, температурите се движат околу 0°C, па дури и до пет степени плус.
Истовремено, во другите делови на Европа следните денови ќе бидат многу пријатни, благодарение на многу благи воздушни маси од Атлантикот и Медитеранот, но со почести врнежи, поради зачестените циклони.
Дури следниот викенд ледениот фронт од Русија во малку поблага форма ќе се прошири кон Украина и балтичките земји, а потоа и кон Полска.
По екстремно топлото време во првите 7 до 8 дена од јануари, постепено заладување и пад на температурата се очекува и во другите делови на Европа, но температурите би паднале главно до просечните температури за овој период од годината, со појава на снег во некои делови од градовите и во пониските области.
Подготвено од А.Ѓ.