15.01.2024 Скопје
Италија го има еден од најстарите возни паркови во Европа, со околу единаесет милиони автомобили со стандардот Eуро 3 или пониски на патиштата.
Нешто значајно се случува во Италија кога станува збор за стимулации за купување електрични возила. Очигледно, таа земја планира да воведе рекордни субвенции за електричните автомобили, и тоа за оној дел од населението на кој им се најпотребни.
Италијанската влада планира програма за субвенционирање на купување електрични автомобили во вредност од 930 милиони евра. Граѓаните со годишен приход помал од 30.000 евра треба да добијат финансиска стимулација до 13.750 евра доколку своето старо возило со стандард Еуро 2 го заменат за електричен автомобил.
Ваквиот начин на субвенционирање е вистинската мерка бидејќи често во други земји се стимулираат и клиентите кои купуваат електрични автомобили поскапи од 100.000 евра. Во овие случаи, имаме работа со богати возачи, на кои не им требаат стимулации, но со задоволство ги користат, кога веќе им се достапни. Италијанската програма за финансирање би имала и социјална компонента.
Планот на Владата е да го обнови возниот парк и да ги поддржи семејствата со ниски приходи, односно да го промовира купувањето електрични автомобили од домашно производство.
Подготвено од А.Ѓ.