25.01.2024 Скопје
Италија ќе обезбеди болничко лекување за 100 палестински деца од Појасот Газа, откако ќе ги пренесе со авион и брод во следните неколку дена, изјави министерот за одбрана Гидо Крозето.
Крозето рече дека првите 30 деца ќе бидат донесени од Египет. На крајот на јануари со воениот брод „Вулкано“, кој ќе исплови од египетското пристаниште Ел Ариш, во Италија треба да пристигнат уште 30 деца со своите семејства.
Крозето не прецизираше кога и како ќе бидат транспортирани преостанатите 40 деца. Повеќе од 25.700 Палестинци се убиени откако израелските сили започнаа сеопфатна војна за елиминирање на владејачката палестинска исламистичка група Хамас во Газа, откако нејзините милитанти упаднаа преку границата во градовите и базите во јужен Израел на 7 октомври, убивајќи 1.200 луѓе и зедоа 253. заложници.
Подготвено од А.Ѓ.