https://www.flickr.com/photos/european_parliament/35139054432

18.01.2024 Скопје

И покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите членки на Европската унија се уште се презадоволни од животот, покажуваат резултатите од најновата анкета објавена од европската статистичка служба Евростат.

Истражувањето беше спроведено во 2022 година и побара од луѓето ширум ЕУ да оценат колку се задоволни од нивната животна ситуација на скала од 1 до 10. Жителите на ЕУ го оценија животот со просек од 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ задоволството од животот е оценето просечно или повисоко отколку во ЕУ.

Во сите земји освен Бугарија, просечните резултати на задоволство од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни.

На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7), каде што треба да се нагласи дека во последните 10 години животното задоволство во Грција е зголемено за 0,5 поени, додека во Бугарија е зголемено во однос на 2013 за 0,8 поени.

Кај Германците, според истражувањето, задоволството од животот паднало за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ.

Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат.

Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, каде просечната оцена на задоволство од животот е 7,2.

Зачудувачки е што во сите земји на ЕУ луѓето со повисоко ниво на образование се позадоволни од животот од оние со пониско ниво, при што разликата е најголема во Словачка (1,6 поени меѓу лицата без училиште и оние со факултет), Романија и Бугарија (по 1 ,5 поени).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author