https://www.flickr.com/photos/eafit/15105810465

03.01.2024 Скопје

По налог на министерката за животна средина Каја Шукова денес е формиран тим од правници кои веќе работеле на проектот, со задача да ја разгледаат комплетната документација за тендерот и најдоцна до утре да донесат препораки за следните чекори на надлежните институции во Република Северна Македонија. Оваа препорака министерката ќе ја достави до Владата.

Рокот во кој грчката фирма „Архиродон“ требаше да го потпише договорот за проектот „Чебрен“ и изградба на хидроцентралата на Црна река – истече. Повеќе од извесно е дека ќе пропадне и овој тендер, четиринаесетти по ред во период од две децении, за изградба на „Чебрен“.

Исто така, претходно, не се потпиша ниту договор со грчката фирма за формирање заедничко тело со ЕСМ за вложување и заедничка компанија која треба да продолжи со реализација на овој проект.

„Архиродон“ требаше да да ја изгради хидроцентралата на Црна Река за една милијарда евра, за што би добила две третини од стопанисувањето во наредните шеесет години како и стопанисување со „ХЕЦ „Тиквеш“.

Сепак поголемиот дел од јавноста се против тоа грчка компанија да го гради „Чебрен“ и дека тоа треба да го направи Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Д.

About Author