stari lugje

03.01.2024 Скопје

Досега често сме слушале и читавме за различни негативни аспекти на користењето на Интернет, кога станува збор за здравјето на корисниците. Сега доаѓаат резултатите од новата студија, спроведена од Atlas VPN, со сосема поинаков заклучок. Имено, ова истражување укажува дека корисниците на Интернет над 50 години имаат 33 отсто помал ризик од сериозни болести отколку луѓето на иста возраст кои не ги користат придобивките од интернетот.

Имено, ваквите корисници имаат 19 отсто помал ризик од срцев удар, како и 17 отсто помал ризик од дијабетес.

Корисниците на Интернет во Америка го намалуваат ризикот од прерана смрт за дури 42 отсто, додека кај Европејците тој е нешто помал (40 отсто). Причината за ова е што корисниците на Интернет имаат можност (која активно ја користат) да добијат подобри информации на интернет за различни рутини за скрининг, диети, како и подобро да го следат нивното здравје во целина.

Сепак, мора да се нагласи дека резултатите од истражувањето многу варираат од регион до регион. На пример, постарите корисници на Интернет во Кина имаат 30 отсто помал ризик од дијабетес од нивните врсници кои не користат. Исто така, нивниот ризик од прерана смрт е намален за 44 проценти.

Од друга страна, Мексиканците постари од 50 години кои користат интернет имаат само осум отсто помал ризик од дијабетес, само еден отсто намалување на ризикот од срцев удар и девет отсто намалување на ризикот од прерана смрт.

Резултатите од студијата се интересни, но не можат да се гледаат одвоено од другите фактори. Зашто, покрај користењето на Интернет, на споменатите ризици влијаат и многу други објективни фактори, како што се исхраната, начинот на живот, развојот на пазарот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author