29.01.2024 Скопје
Деловното расположение во Германија дополнително се влоши во јануари, е заклучокот од најновиот извештај што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индексот што го мери деловното расположение на германските компании падна на 85,2 поени во јануари од 86,3 поени во декември, според веб-страницата на ИФО.
Германските компании беа помалку задоволни од тековниот бизнис во споредба со декември и поскептични за развојот на нивниот бизнис во следните шест месеци.
Вредноста на споменатиот индекс се зголеми во производството, но значително падна во услужниот сектор, каде компаниите се пред се незадоволни од актуелната состојба, но и од изгледите за иднината.
Голем песимизам владее и во трговскиот и градежниот сектор. Германската економија е „заглавена во рецесија“, посочува минхенскиот институт за економски истражувања.
Инаку, оваа земја е зафатена од бран штрајкови последниве денови, а во меѓувреме се огласи и министерот за финансии Кристијан Линднер, кој при посетата на Давос во СЕФ рече дека „неговата земја не е пациент на Европа“.
Инаку, овој термин првпат се употребува во 1998 година, кога обединета Германија се соочуваше со економски предизвици. Потоа, минатата година повторно стана „релевантна“ поради зголемените тензии во Германија.
Причина за тоа е падот на економијата за 0,3 отсто, како и тоа што Германија е под влијание на високите цени на енергијата, високата инфлација и високите каматни стапки. Производството во оваа земја лани е намалено за два отсто.
Подготвено од А.Ѓ.