sudstvo

19.01.2024 Скопје

Судиите поротници го стопираа вршењето на својата функција затоа што немаат земено хонорари за месец декември.

Тие преку соопштение известија дека независниот синдикат на судии поротници во повеќе наврати барал од Судскиот совет, Министерот за правда, како и самите судови да ги разгледаат нивните барања за подобрување на условите за работа на судиите поротници.

Во нивната реакција се вели дека тие се третирани како да се последна истанца во судот иако тие самите имаат голема моќ во донесувањето на одлуките во судските процеси.

Додаваат и дека за бараното покачувањена нивните плати воопшто и не се говори иако Судски Совет ги задолжи судовите да достават податоци за да се изготви проекција за измена на износите.

Подготвено од М.Д.

About Author