12.01.2024 Скопје

Даниел Нобоа, претседателот на Еквадор, рече дека земјата е „во војна“ со нарко бандите кои држат повеќе од 130 затворски чувари и другиот персонал како заложници.

„Ние сме во војна и не можеме да им се предадеме на овие терористички групи“, изјави Нобоа.

Тој посочува дека во Еквадор се активни околу 20.000 членови на криминални групи.

Земањето заложници, кое започна во понеделникот, и викенд бегството на водачот на Лос Конерос, Адолфо Масијас од затвор, го натера Нобоа да прогласи 60-дневна вонредна состојба.

Тој го заостри редот во вторникот по серијата експлозии низ земјата и преземањето на телевизиската станица ТЦ од страна на вооружени лица во фантомки во живо на програмата.

Владата рече дека последниот бран на насилство е реакција на планот на Нобоа да изгради нови високобезбедни затвори за водачите на бандите.

Затворската агенција СНАИ соопшти дека меѓу заложниците има 125 затворски чувари, додека 14 од нив се административни службеници. Единаесет лица се ослободени во вторникот, се вели во соопштението.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат дека затворскиот персонал е подложен на екстремно насилство, вклучително и пукање и бесење.

Колумбија најави дека ќе го зголеми своето воено присуство и контрола на речиси 600 километри долгата граница со Еквадор.

Во вторникот, Нобоа именуваше 22 банди како терористички организации, прогласувајќи ги за официјални воени цели.

Тој ја презеде власта во ноември 2023 година, ветувајќи дека ќе се справи со растечкиот безбедносен проблем предизвикан од појавата на бандите за шверц на дрога кои транспортираат кокаин низ територијата на Еквадор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *