16.01.2024 Скопје
Пеп Гвардиола е најдобар тренер во 2023 година во изборот на Меѓународната фудбалска федерација, вчеравечер ФИФА го официјализираше резултатот од големата селекција под нејзина надлежност.
Некој би рекол повеќе од очекуваниот епилог на гласањето, бидејќи неверојатниот Шпанец во текот на изминатите 12 месеци го предводеше Манчестер Сити до дури пет трофеи во историската сезона на овој англиски клуб.
Под негова команда „Граѓаните“ кренаа трофеи во Премиер лигата и ФА Купот, конечно ја „пресечеа лентата“ во Лигата на шампионите, а беа неспоредливи во Светското клупско првенство и го освоија финалето на Суперкупот на Европа.
Оттука, убедливи 28 гласови за поранешниот стратег на Барселона и Баерн, со кој победуваше и во различни натпреварувања, ги добија анкетираните колеги, капитените на тимовите, медиумите и навивачите.
Односно, дури десет повеќе од поранешниот прв човек на актуелниот италијански шампион Наполи – Лучијано Спалети. Третото место го зазеде најмладиот во оваа конкуренција Симеоне Инзаги (Интер) кој доби 11 гласа.
Подготвено од А.Ѓ.