https://www.facebook.com/kyriakosmitsotakis/photos/pb.100044193621427.-2207520000../10158662736742725/?type=3

11.01.2024 Скопје

Грчката влада најави дека ќе ја контролира цената на млекото за бебиња во прав, обвинувајќи ги меѓународните добавувачи дека на Грција и наплаќаат неразумно високи цени.

Ограничувањето на профитот од седум проценти на млекото во прав стапува на сила во март и следи по низата слични мерки воведени во изминатите две години за основните артикли.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги обвини големите добавувачи на супермаркети дека користат висока инфлација за уште повеќе да ги зголемат цените.

„Постојано применуваме нови политички инструменти додека сите, особено мултинационалните компании, не разберат дека Грција не е банана република и дека „инфлацијата од алчност“ не може да се толерира“, рече премиерот.

Според официјалните проценки, инфлацијата во земјите што го користат еврото во декември се зголемила на 2,9 отсто по пад за седум месеци, додека грчката стапка е 3,7 отсто.

Во последниве месеци, грчките власти наметнаа казни до еден милион евра на големи меѓународни компании за кои рекоа дека ги прекршуваат владините ограничувања за дополнителен профит.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author