evra pari

18.01.2024 Скопје

Годишната стапка на инфлација во еврозоната се искачи на 2,9 отсто во декември од ноемвриските 2,4 отсто, во согласност со претходната проценка, потврди Евростат.

Во декември цените на енергенсите паднаа за 6,7 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од ноември, кога беше забележан пад од 11,5 отсто, додека инфлацијата во услужниот сектор стагнира на четири отсто.

Храната, алкохолот и тутунот поскапеле за 6,1 отсто, а индустриските производи за 2,5 отсто на годишно ниво, објавено е на веб-страницата на Евростат.

Годишната стапка на базичната инфлација во еврозоната падна на 3,4 отсто од 3,6 отсто во декември и беше најниска од март 2022 година.

На месечна основа, цените во еврозоната во декември пораснаа за 0,2 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author